Дома Останати Кошарка Драма во авионот за кошаркарите на Звезда: Полетале за Милано, па морале да се враќаат

Драма во авионот за кошаркарите на Звезда: Полетале за Милано, па морале да се враќаат

Кошаркарите на Црвена Звезда доживеале драма на летото за Милано каде што ги очекува натпревар од Евролигата ос Олимпија.

Додека авионот летал кон Милано пилотите увиделе дефект и биле принудени да се вратат во Белград.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Прво авионот кој требало да полета во 18:15 часот доцнел 15 минути, а потоа додека летале некаде над Бањалука пилотите го увиделе проблемот, па се вратиле назад за истиот да биде отстранет. По отстранувањето на проблемот авионот повторно кон Милано полетал во 20:20 часот.

Натпреварот од Евролигата помеѓу Олимпија и Звезда се игра уте во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембањама директно: Јокиќ не е најдобар играч во НБА!

Виктор Вембањама не ги крие амбициите по враќањето на теренот. Центарот на Сан Антонио Спа…