Дома Фудбал Англија Дојде ред Мегваер да се закани: Не мислам да останам ако играм еднаш месечно!

Дојде ред Мегваер да се закани: Не мислам да останам ако играм еднаш месечно!

Додека навивачите редовно го критикуваат, Хари Мегваер смета дека заслужува да се врати во стартниот тим на Манчестер Јунајтед и се закани дека ќе си замине.

Летово Тен Хаг му стави до знаење на Мегваер дека не смета сериозно на неговите услуги, Јунајтед се обидуваше да го продаде, но дефанзивецот на крајот остана.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Meгваер во изјава за медиумите истакна дека процентот на победи на тимот кога игра е одличен и дека заслужува да игра.

„Нормално дека не сум среќен кога поминувам толку многу време на клупа, а толку малку на теренот. Процентот на победи на тимот кога јас сум на теренот е голем, верувам дека заслужувам да бидам стартер.

 Сепак, на крајот тренерот е тој што одлучува, по репрезентативната пауза ќе се вратам во клубот и ќе го видам мојот статус, но сигурно не мислам да седам во Јунајтед ако играм еднаш месечно“, изјави Мегваер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…