Лондонски Арсенал во текот на ноќта го комплетираше вториот најголем трансфер во историјата на англискиот фудбал.
Деклан Рајс стана најскапиот Англичанец досега и стана нов играч на Топџиите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Деклан Рајс е нов играч на Арсенал. Топџиите нешто по полноќ го комплетираа трансферот на англискиот репрезентативец и тој ќе го носи дресот на тимот од Емирати.
По долги преговори со градскиот ривал Вест Хем, Арсенал синоќа конечно го комплетираше трансферот на 24-годишниот фудбалер.
Тоа е втор најголем трансфер во историјата на англиската Премиер лига, а Рајс стана најскапиот Англичанец досега.
Вест Хем од трансферот ќе земе вкупно 105 милиони фунти. 100 милиони е вредноста на трансферот, а останатите пет милиони ќе ги заработи преку одредени бонуси.
Така Рајс стана најскапиот англиски фудбалер досега. Тој го надмина трансферот што го направија Астон Вила и Манчестер Сити во зделката за Џек Грилиш која беше договорена за 100 милиони евра.
Рекордниот трансфер во англискиот фудбал го држи Енцо Фернандез. Челзи за него и плати на Бенфика во јануари оваа година 106,8 милиони фунти.
Деклан Рајс целата своја кариера ја помина во Вест Хем. За Чеканите одигра 245 натпревари и постигна 15 голови.