Дома Трансфер зона Дома е најубаво: Пепе се врати во Порто!

Дома е најубаво: Пепе се врати во Порто!

Откако го раскина договорот со Бешикташ, искусниот португалски дефанзивец Пепе денеска потпиша за нов клуб.

Овој 35-годишен играч договори соработка со Порто, клуб за кој веќе настапуваше од 2004. до 2007. година пред големиот трансфер во Реал Мадрид.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Пепе со својот старо-нов клуб договори соработка до летото 2021. година, а не е исклучено во Порти да го дочека крајот на богатата кариера.

Пепе е роден во Бразил и првите чекори ги направил во Алагоано, од каде во 2001. година пристигна во Маритимо. Три години подоцна замина во Порто за два милиони евра, а потоа во 2007. следуваше големиот трансфер во Реал, вреден 30 милиони евра.

Во Реал настапуваше 10 години пред да замине во Бешикташ во 2017. година како слободен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…