Додека се обидуваат да спасат она што може да се спаси и додека многумина го гледаат Јоаким Лев како негов наследник, Французинот не мора да се грижи.
Како што пишуваат француските медиуми по Реал Мадрид Зинедин Зидан освен на клупата на француската репрезентација сака да ги предводи само Јувентус или Пари Сен Жермен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со оглед дека клупата во Јувентус е зафатена од страна на Масимилијано Алегри кој одлично го предводи тимот, ПСЖ би можел да се одлучи да го замени Емери бидејќи сметаат дека нема доволен авторитет за да предводи тим полн со ѕвезди.
Имено, Ал-Келаифи верува дека Зидан би бил совршено решение за соблекувалната која ја делат голем број фудбалски ѕвезди.
„ЛЕ 10“ тврди дека во овој момент преговори нема, но дека на Французинот неофицијално му било порачано дека доколку заработи отказ во Реал вратата во ПСЖ му е широко отворена и дека тој прв кандидат, пред Антонио Конте.