Ливерпул синоќа во драматичен натпревар ја совлада Барселона со 4:0 и обезбеди пласман во финалето на ЛШ.
Црвените беа без два важни играчи, Роберто Фирмино и Мохамед Салах и сите мислеа дека пред тимот на Клоп е невзможна мисија, но на крајот тимот од Енфилд направи чудо и заслужено се пласира во финалето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога Ориги во 7. минута постигна гол за 1:0 и натаму мал број на навивачи веруваа дека Ливерпул може да стигне до финале.
Сепак, со два брзи гола на Вајналдум и реакцијата на Александер Арнолд после која Ориги постигна погодок за 4:0, Ливерпул успеа да оствари голема победа.
После натпреварот следуваше големо славје во соблекувалната на Ливерпул, а Мохамед Салах после се имаше само едно прашање за Џејмс Милнер: „Дали планираше да заминеш на одмор?“
Изгледа дека Салах и Милнер мора да се задоволат со пократок одмор со оглед дека ги чека финале во Мадрид на 1. јуни.
???
Inside the dressing room at full-time with our Reds… pic.twitter.com/n8BePcDHfY
— Liverpool FC (@LFC) May 7, 2019