Изгледа е се поблиску моментот кога од Каталонија ќе пукне вистинска „бомба“.
Денес се појави вест дека Меси донел одлука и дека наскоро се ќе објави јавно (повеќе за ова тука). Сега имаме и дополнување на оваа вест. Изгледа дека тоа што Меси ќе го објави нема да биде добро за Барселона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Се уште звучи нереално и така ќе биде се додека Меси сам не потврди дека е решен да замине, но мора да се каже дека никогаш ситуацијата со неговото можно заминување не изгледала посериозно.
Наводно, Меси на последниот состанок со Куман му соопштил дека сака да замине и дека тоа е неговата одлука. Се наведува дека во наредните часови и ќе ја соопшти конечната одлука.
Што се однесува до состанокот со Куман медиумите во Шпанија го опишуваат дека бил „ниту пријателски, ниту непријателски“. Куман на Меси му кажал дека прироритет ќе му биде тимот, а не поединец и дека нема да се прилагодува за некого. На тој начин само му помогнал во одлуката.
Се на се изгледа доаѓа крај на една ера, а што и да избере Меси: Интер, Јунајтед, Сити, ПСЖ…Секако ќе биде сензација.