Дома Фудбал Лига на шампиони Додека се зборува за Меси, Ривалдо има друг херој: Го бранев кога сите го критиуваа и докажа дека имам право

Додека се зборува за Меси, Ривалдо има друг херој: Го бранев кога сите го критиуваа и докажа дека имам право

Барселона го победи Ливерпул со 3:0 во полуфиналето од Лигата на шампионите и си создаде одлична предност пред реваншот на „Енфилд“.

Каталонците до победата ги предводеше чудесниот Меси кој постигна два гола, а посебно убав беше неговиот втор гол кога мрежата на Алисон ја погоди со маестрално изведен слободен удар.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Додека целиот фудбалски свет му се воодушевува на Меси легендарниот Бразилец, Ривалдо смета дека друг фудбалер исто така има големи заслуги за високата победа на Барселона.

Луис Суарез многу пати оваа сезона добиваше критики, но против Ливерпул покажа дека знае да одигра на потребното ниво во големите натпревари. Суарез го постигна првиот и учествуваше во вториот гол кога Меси постигна гол после неговиот шут кој заврши во пречката.

„Го бранам во текот на целата сезона, дури и кога сериозно го критикуваа. Го напаѓаа зошто не постигнува голови во Лигата на шампионите. Јас знаев и бев убеден дека Суарез е играч кој може да го реши натпреварот во секој момент. Против Ливерпул докажа дека имав право. Постигна еден гол, а можеше да постигне и втор гол, му недостасуваше само малку среќа“.

Потоа ја прокоментира одлуката на Уругваецот да го слави голот.

„Навивачите на Ливерпул нема потреба да му замеруваат за тоа што го славеше голот. Помина многу време од кога играше за Ливерпул и тоа беше важен гол за Барселона и јас би постапил така кога би бил на негово место“, изјави Ривалдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…