Додека најголем дел од фудбалерите одморот го поминуваат на скапи јахти и егзотични дестинации, Садио Мане слободните денови ги користи на негов, препознатлив и скромен начин.
Медиумите на големо го поврзуваат со трансфер во Баерн Минхе, а за тоа време Мане играше хуманитарен натпревар во неговото село Бамбали, на југот на Сенегал. На овој натпревар во каливиот терен заедно со него играа Ел-Хаџи Диуф, Папис Сисе и Мбаје Диање.
Коментари