На Реал Мадрид потребни му се засилувања и тоа веќе во јанаури. Со ова се сложуваат голем број стучњанци, а Зинедин Зидан смета дека на неговиот клуб најпотребно му е нов голман.
Сега навивачите на Манчестер конечно можат да воздивнат. Имено, Давид Де Геа најверојатно повеќе не е мета на Реал Мадрид бидејки „Лос Бланкоси“ во јануари ќе ја активираат клазулата за друг голман.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Како што се пишуваше претходните месеци, Флорентино Перез е одлучен во намерата да ја активира клазулата за одличниот голман на Атлетик Билбао, Кеп Аризабалага. Овој голман многумина го сметаат за најдобар млад голман во Шпанија.
Кеп има само 23 годин и како што пренесува „Марка“, Реал во јануарскиот преоден рок ќе издвои 20 милиони евра колку и што изнесува неговата откупна клазула.
Истиот медиум наведува дека претставниците на Реал и Билбао ќе се сретнат веќе во сабота во Баскија каде што се очекува се да биде договорено.
Договорот на Кеп истекува на крајот од сезоната, а Билбао неколку пати се обидуваше да го убеди да ја продолжи соработката, но младиот смета дека е спремен и сака поголем предизвик.