Дома Трансфер зона Договор на повидок: Коста поради Атлетико паузира до јануари!

Договор на повидок: Коста поради Атлетико паузира до јануари!

Диего Коста е на излезна врата од Челзи, а ако им се верува на медиумите веќе е позната следната дестинација на контроверзниот напаѓач.

Диего Коста беше поврзуван со неколку кинески клубови кои му нудеа вистинско богатство, но изгледа напаѓачот има други планови.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Имено, тој по секоја цена сака да се врати во Атлетико Мадрид и покрај фактот што „јорганџиите“ немаат право да регистрираат играчи до јануари 2018 година.

Шпанските медиуми тврдат дека напаѓачот постигнал договор со Атлетико и дека е спремен да паузира до јануари само да се врати во својот бивши клуб.

Шпанскиот клуб е спремен да плати 35 милиони евра за неговиот потпис, а англиските медиуми тврдат дека двата клуба се блиску до договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…