Навивачката група на Вардар „Комити“ утрово пренесе добри вести.
Според нивните информации ФИФА ја тргнала забраната за трансфери на Вардар која клубот ја доби поради спорот со Евгениј Новак.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Денот го започнуваме со позитивни вести. Од ФИФА е стигнат допис дека е симната забраната за трансфери во ФК Вардар.Преодниот рок е завршен но постои можност во клубот да заиграат играчи на кои последен клуб им е ФК Вардар. Први на нашата листа се Грне и Тане, кои и онака се дел од Вардар и сега“, стои во краткото соопштение од „Комити“.
Како што гласат правилата, Вардар сега бидејќи не е преоден рок може да ангажира само играчи кои сега се без клуб и на кои последен клуб им бил Вардар. Тука со своето искуство може да помогнат Бобан Грнчаров и Златко Таневски.