Играчот за врска на Ливерпул, Наби Кеита денес излезе од болницата во Неапол, откако синоќа му беа направени детални испитувања, пренесуваат англиските медиуми.
Извори од „Енфилд“ потврдуваат дека се е во ред со Кеита и играчот ќе биде спремен за игра уште овој викенд во големото дерби против Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кеита синоќа започна како стартер против Наполи, но падна на тревата после 25 минути игра, без да има никаков контакт со противнички фудбалер.
Кеита веднаш беше пренесен во болница во Неапол, но после испитувањата замина за Ливерпул заедно со своите соиграчи.
BREAKING: @LFC say Naby Keita is fine after being assessed for back pain and have not ruled him out of game against @ManCity on Sunday. #SSN pic.twitter.com/CJK5zh2AB0
— Sky Sports News (@SkySportsNews) October 4, 2018