ПСЖ во овој момент нема вистинска конкуренција во Франција, но со доаѓањето на новите сопственици во Бордо таквата ситуација би можела да се промени.
Од Бордо денес соопштија дека имаат нов сопственик, откако клубот е купен од американскиот конзорциум ГАЦП за 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Досегашниот сопственик на Бордо, Николас де Таверност потврди дека клубот од денес е во рацете на Американците.
„За Бордо се отвара нова страница. На новото раководство му посакувам голем успех и им се заблагодарувам на навивачите за овие 19 години кои ќе ми останат во преубаво сеќавање.
Заекогаш ќе останам навивач на Бордо“, изјави Таверност.
Бордо во овој момент се наоѓа на 11-та позиција во Лига 1, но оваа екипа сега би можела да започне со големи промени во играчкиот кадар.