Дома Фудбал Останато Директорот на Суперлигата: Разговарав со клубови кои кажаа „не“, УЕФА врши притисок

Директорот на Суперлигата: Разговарав со клубови кои кажаа „не“, УЕФА врши притисок

Суперлигата повторно е актуелна во европскиот фудбал откако Судот за правда во Луксембург пресуди во корист на иницијаторите за создавање на ова натпреварување и УЕФА и ФИФА повеќе немаат законски можности да ги казнуваат клубовите.

Но, покрај тоа голем дел европските гиганти веднаш објавија соопштенија во кои порачуваат дека таа одлука не го менува нивниот став и остануваат верни на УЕФА.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, директорот на Суперлигата Бернард Рајхарт истакна дека клубовите јавно ја поддржуваат УЕФА само поради притисокот кој им се врши.

„Разговарав со многу клубови кои објавија јавни соопштенија. Некои од нив денеска се јавија и ми кажаа „велиме не, но тука сме“. Денеска нема да ги убедуваме, УЕФА врши притисок. Не сакаме да градиме ѕидови, наша цел е да обединуваме. Започнува нова ера на дијалог и во одреден момент ќе ги објавиме клубовите кои ќе ја сочинуваат Суперлигата. Никого нема да присилуваме.

Најдобриот фудбал на навивачите ширум светот ќе им го понудиме бесплатно и ќе има можност за рефинасирање во главно со рекламирање. Ние сме во сотојба да добиеме три милијарди годишно од рекламирање. Саудиските пари не се зад проектот, разговаравме со инвеститори од Европа и САД“, изјави Рајхарт.

Останува времето да покаже во наредниот период кој е во право, едно е сигурно законски пречки да се формира Суперлигата сега нема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…