Дома Топ вести Директорот на ПСЖ во Милано по дефанзивецот на Интер

Директорот на ПСЖ во Милано по дефанзивецот на Интер

Новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос бил во Милано, а главна цел е дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар, пренесува „Паризиен“.

Весникот открива дека Кампос изминатите два дена ги поминал во Милано за да преговара за трансферот на Милан Скриниар од Интер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и се спремни да продадат најмалку една своја ѕвезда, но преферираат да го продадат Бастони, а да го задржат Скриниар.

Сепак, доколку ПСЖ исрати богата понуда, над 60 милиони евра, тогаш Интер може да ги промени плановите и да го продаде Скриниар.

„Паризиен“ открива дека примарна цел на ПСЖ е доведување на врвен дефанзивец, а прв на листата желби е токму Скриниар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…