Maкедонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ го одигра неговиот најдобар натпревар во Евролигата и со 22 поени ја предводеше Олимпија Милано до голема победа над Реал Мадрид со 85:76.
Димитријевиќ беше во главна улога на теренот и блескаше уште од самиот почеток, а посебно играше на високо ниво во првото полувреме во кое постигна 15 поени.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во второто додаде уште седум, но имаше уште три асистенции и еден скок. Кога е натпреварот во прашање Милано беше во предност целиот натпревар, додека во последната четвртина дојде и до водство од 22 поени разлика.
Реал Мадрид до крајот успеа само да го ублажи поразот. Зад Димитријевиќ следеше Зек Ледеј со 17 поени, додека на спротивната страна Хезоња и Ибака уфрлија по 13 поени. За екипата на Милано ова беше трет триумф во Евролигата сезонава.