Дома Македонски спорт Димитриевски: Се надевам на уште 100 натпревари во дресот на Рајо

Димитриевски: Се надевам на уште 100 натпревари во дресот на Рајо

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски стигна до 100 натпревари во дресот на Рајо Ваљекано откако во 2018 година од Гимнастик Тарагона се пресели во мадритскиот клуб.

Димитриевски оваа сезона брани во одлична форма, тој е еден од тројцата најдобри голмани според бројот на одбранети удари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Овој тим ми овозможи да го остварам сонот. Сакав да играм во Ла Лига и таа шанса ја добив тука, со Рајо видов што значи да се игра во елитата. Клубот прекрасно ме дочека и уживам во него. Затоа сум уште посреќен за овие 100 натпревари и за мене тоа е едно големо остварување во кариерата. Се надевам дека ќе одиграм уште 100 натпревари во овој дрес, сконцентриран сум и посветен на тимот“, изјави Димитриевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Анчелоти може да добие отказ, Реал има спремна замена

Позицијата на Карло Анчелоти во Реал Мадрид веќе не е толку сигурна и Италијанецот може да…