Дома Фудбал Репрезентации Димитриевски: Ние поискусните треба да ги „повлечеме“ помладите

Димитриевски: Ние поискусните треба да ги „повлечеме“ помладите

На прес-конференцијата пред утрешниот натпревар против Ерменија заедно со селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција присуствуваше и голманот Столе Димитриевски.

Македонскиот голман сметаат дека поискусните треба да бидат оние кои ќе го повлечат тимот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Нормално е поранешните колеги кои не се веќе тука да имаат свое мислење, јас како заменик капитен на репрезентација сум фокусиран и максимално спремен да го одработам натпреварот со нашиот утрешен противник. Најважно е утре да победиме за да имаме шанси за првото место, па потоа можеме да зборуваме на други теми.

Ние поискусните треба да тргнеме и да го повлечеме возот за помладите да се качат. Како што кажав утре е најважен резултатот и Македонија треба да победи, тоа е во мислите на целата екипа“, изјави Димитриевски.

Натпреварот против Ерменија го играме утре од 20:45 часот на Националната рена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Во Велс не го кријат задоволството: Докажавме дека сме многу подобри од Македонија!

Македонската репрезентација доживеа вистински фијаско на гостувањето во Велс, загубувајќи …