Репрезентативецот на Македонија, Столе Димитриевски испиша историја на голот на Рајо Ваљекано.
Димитриевски стана првиот голман кој стигнал до бројката од 100 натпревари во дресот на Рајо во шпанска Ла Лига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Досега само 12 фудбалери во историјата на Рајо стигнале до троцифрен број на настапи во Ла Лига, Столе е само четврти странец на кого му успеало тоа, но и прв голман.
Вкупно Димитриевски вчера против Реал Сосиедад го одигра 160-тиот натпревар за Рајо, меѓутоа 60 од нив беа во шпанската Втора лига во сезоните 2019/2020 и 2020/2021.
Stole Dimitrievski with a good save 🧤🇲🇰pic.twitter.com/28BuMjD26J
— LaLigaExtra (@LaLigaExtra) October 29, 2023