Дома Македонски спорт Димитриевски брани во врвна форма, рекорд за Рајо по бројот на најмалку примени голови

Димитриевски брани во врвна форма, рекорд за Рајо по бројот на најмалку примени голови

Рајо Ваљекано игра одлична сезона во Примера, а големи заслуги за таквата сезона има македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Веќе подолг период Димитриевски и за Македонија и за Рајо брани на врвно ниво, се уште се свежи сеќавањата на неговиот одбранет пенал против Мемфис Депај со кој му „пресуди“ на Роналд Куман.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа Столе е одличен од почетокот на сезоната. Рајо по 15 одиграни кола има гол-разлика 23:16 и се наоѓа на високото шесто место на табелата. Гол-разликата, поточно бројот на примени голови е најдобар во клупската историја. До оваа сезона рекордот по 15 кола на Рајо беше 18 примени гола и тоа остварен во сезоната 1978/79. Сега се на два помалку.

Следното коло Рајо ќе го пречека Еспањол, но претходно ќе игра во шпанскиот куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ридигер доаѓа, Бремер си оди – цената е 60 милиони евра!?

Јувентус наводно е подготвен да го продаде еден од своите најважни играчи во летниот преод…