Дома Фудбал Англија Диего Коста проговори односот со Конте и трансферот во Кина!

Диего Коста проговори односот со Конте и трансферот во Кина!

Диего Коста даде опширно интервју за шпанските медиуми каде си ја отвори душата и проговори за многу нешта, а меѓу другото откри и кој бил најголемиот проблем со Антонио Конте.

„Се започна откако пристигна во клубот, му кажав дека сакам да одам во Атлетико, а тој се налути и тогаш односите почнаа да бидат лоши“.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Дадов се од себе да се вратам во Атлетико. Веќе не би се борел така за да се вратам. Кога Атлетико требаше да ме почека, тие не го направија тоа. Знаат дека имам посебно чувство за тој тим, таму ги живеев најдобрите моменти од мојата кариера“, откри Диего Коста.

Коста не зборуваше за расправијата со Конте во текот на зимата, кога медиумите го обвинија дека наводно лажира повреда на грбот само за да го натера клубот да го продаде.

А на прашањето за неговиот трансфер во Кина, напаѓачот само се пошегува.

„Уште не сум научил англиски во овие години во Челзи, па да земам да учам кинески!“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан конечно победи, Црвена Звезда „потона“ во Монако

Милан во третотот коло ја запиша првата победа во Лигата на шампиони, Црвена Звезда доживе…