Диего Коста е во потрага по нов клуб. Тој е слободен играч откако неодамна се раздели со бразилскиот тим Атлетико Минеоро.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилскиот напаѓач во текот на јануари беше во преговори со неколку европски клубови, но се уште е без клуб.




Последните информации се дека би можел да се пресели во Серија А и да потпише договор со Аталанта, која е во потрага по напаѓач после повредата на Запата.
Запата ќе мора да паузира неколку месеци, па Аталанта ќе мора да ангажира нов напаѓач, а Диего Коста е одлична опција.




Преговорите веќе започнале, па поранешниот шпански репрезентативец наскоро би можел да стави потпис на договор до крајот на сезоната, со опција за уште една сезона.