Дома Фудбал Диего Коста оди на операција: Познато до кога ќе отсуствува!

Диего Коста оди на операција: Познато до кога ќе отсуствува!

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста денес ќе отпатува во Бразил, каде во среда ќе биде опериран, пренесуваат шпанските медиуми.

Лекарите и фудбалерот одлучија дека најдобро решение во моментов е хируршка интервенција која ќе ги реши проблемите. Диего Коста сам побарал да игра на вчерашниот меч против Џирона, но потоа станало јасно дека мора да оди на операција.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Диего Коста иако со болки, го одигра целиот меч против Џирона. Се очекува да биде надовор од терените околу 10 седмици, па од клубот се надеваат дека ќе се врати во февруари за осминафиналниот натпревар од Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга гази сè пред себе – падна и Тиквеш за „пет од пет“ (Видео)

Струга Трим Лум ја продолжи победничката серија во Првата македонска фудбалска лига и во р…