Дома Фудбал Италија Диего Годин и официјално има нов клуб!

Диего Годин и официјално има нов клуб!

Диего Годин после девет години ја промени клубската средина.

Она што практично се чекаше неколку месеци се потврди утрово. Годин кариерата ќе ја продолжи во Интер и ќе претставува прво засилување во ерата на Антонио Конте.

Искусниот Уругваец изминатите девет години беше член на Атлетико Мадрид, а на Џузепе Меаца стигнува како слободен играч.

Овој 33-годишен дефанзивец со Нероаѕурите потпиша договор на две години и сигурно ќе претставува огромно засилување за миланскиот клуб.

Според неофицијалните информации уругвајскиот стопер ќе биде помеѓу најплатените играчи на Интер и ќе има плата од скоро 7 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…