„Сантиаго Бернабеу“ е еден од најголемите европски стадиони, а на почетокот на 2019 години ќе започне реновирањето за целосен редизајн на објектот.
Планот е трибините да добијат футуристички изглед, а проектот освен реновирање на музејот вклучува и искористивање на празните делови за дополнителна заработка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За реконструкцијата е ангажирана „Леџендс“, мултинационална компанија која е лидер во изградба на спортски објекти. Шпаските медиуми тврдат дека „Дигиталниот“ Бернабеу ќе биде модерен и футиристички, а клубот со тоа сигурно ќе ги зголеми приходите.
Во моментов годишниот приход од стадионот изнесува 173 милиони евра, а планот на „кралевите“ е приходот да се зголеми до 320 милиони евра годишно.
Así será el nuevo y espectacular Santiago Bernabéu ⬇ pic.twitter.com/rjjwMpUAkv
— MARCA (@marca) September 23, 2018