Tимот на Вардар вчера и официјално ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната.
Поради големите проблеми со коронавирусот Вардар во првиот дел од сезоната одигра само пет натпревари во Лигата на шампионите во кои запиша учинок од три порази, една победа и еден пораз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тимур Дибиров пред почетокот на вториот дел од сезоната порача дека тешко ќе биде да се игра во згуснатиот распоред, но според него подобро е тоа отколку да седат во карантин.
„Одморивме и ги наполнивме батериите. Сега не чекаат тие 10 натпревари и изгледа дека се многу. Ќе се обидеме да фатиме ритам, пресреќни сме што конечно ќе можеме да играме. Очекувам подобра полусезона од претходната. Треба да ја поминеме групата, знам дека ќе биде тешко, но можеме и мораме“, изјави Дибиров.