Рома игра одлично оваа сезона, а синоќа ја оствари третата победа во Серија А, откако беше подобра од Монца со 3-0.
Играч на мечот дефинитивно беше Пауло Дибала, кој постигна два гола за Рома и така веднаш го покажа својот квалитет откако летово пристигна во Рим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Горев од желба да постигнам гол. Среќен сум поради победата, но имаме напорен распоред сезонава и ќе ни треба време за да го исполниме целиот потенцијал.
Ова е силна група на фудбалери, која се чувствува одлично по освојување на Конференциската лига на УЕФА“, кажа Аргентинецот.