Дома Фудбал Италија Дибала: Никогаш нема да потпишам за Интер!

Дибала: Никогаш нема да потпишам за Интер!

Паоло Дибала ја заврши својата авантура во Јувентус, а неговиот нов клуб се уште не е познат.

После седум години Дибала одлучи да го напушти Јувентус. Ова лето како слободен играч ќе го избере новиот клуб. Во медиумите најмногу се поврзуваше со Интер, потоа и со Рома. Не се знае каде, но изгледа се знае каде Дибала нема да продолжи.

„Никогаш нема да потпишам за Интер“, наводно порачал Дибала додека се простувал од навивачите на Јувентус во ремито против Лацио (2:2).

Сигурно дека навивачите на Јувентус најмалку што посакуваат е Дибала да премине во нивниот голем ривал, додека со Рома ситуацијата е поинаква. Ривалството помеѓу „старата дама“ и „волчицата“ не е како она со Интер.

Дибала во Јувентус пристигна во 2015 година, тогаш на Палермо Јувентус плати 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Toни Крос нема дилеми кој треба да ја освои „Златната топка“: Во овој момент е број еден во светот!

Веќе неколку седмици се води жешка дебата околу кандидатите за овогодишната Златна топка, …