Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Дибала: Не сум во првите 11, но работам напорно како да сум стартер

Дибала: Не сум во првите 11, но работам напорно како да сум стартер

Паоло Дибала е една од најголемите ѕвезди во селекцијата на Аргентина, но тоа не му помага премногу бидејќи Сампаоли се уште не му верува доволно.

Сампаоли во натпреварот против Исланд кој заврши без победник 1:1 на клупата го остави тандемот од Јувентус, Гонзало Игуаин и Паоло Дибала. Игуаин доби шанса од клупата за резерви во финишот, додека Дибала целиот натпревар го проследи од клупата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Судејќи според најверојатно ќе биде резерва и против Хрватска. Сепак, за разлика од Никола Калиниќ кој одби да влезе во игра во последните пет минути, офанзивецот на Јувентус е смирен и посветен на националниот тим.

„Оптимист сум, се уште не сум стигнал до првите 11, но работам напорно на секој тренинг исто како да сум стартер. Секогаш размислувам за можен настап, така и се припремам. На крајот одлуката е на селекторот и каква и да е ќе ја почитувам. Најважно е Аргентина да направи добар резултат“, порача Дибала.

Аргентина против Хрватска ќе игра во четврток и доколку не победи ќе се најде во сериозни проблеми пред последното коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Еден фудбалер постигна четири гола: Македонските млади фудбалери ја прегазија Црна Гора!

Македонската кадетска репрезентација до 16 години славеше уште една победа против Црна Гор…