Пауло Дибала си заминува од Јувентус како слободен играч, а за италијанските медиуми сега откри дека се уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата.




Во претходниот период Аргентинецот се поврзуваше со Интер и со Рома, но одлуката ќе ја донесе откако прво ќе оди со репрезентацијата, па на одмор.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Ништо не сум решил. Одам во Шпанија да се приклучам на репрезентацијата, а потоа ќе имам еден одмор, па ќе видиме. Не знам ништо, но ќе се обидам да го изберам она што е најдобро за мене“, изјави Дибала.




Дибала вчера играше хуманитарен натпревар во Милано кој го организираше Самуел Ето, дел од тој натпревар беше и Франческо Тоти кој пред неколку дена порача дека ќе се обиде да го убеди да оди во Рома (тука).




„Тоти е идол, нема некој што не го сака во светскиот фудбал. Се видов и со него и со Занети, разговаравме, но нема ништо конкретно и не би сакал сега да зборувам“, истакна Дибала.