Многумина тврдат дека токму тој во овој момент е голманот со најдобра форма во светот.
Малку недостасуваше Паоло, Дибала повторно да биде џелатот на Барса, но овој пат на патот му застана Марк Андре Тер Штеген.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германскиот голман во финишот од натпреварот го запре ударот на Паоло Дибала од дваесетина метри, на сличен начин Аргентинецот го матираше Тер Штеген минатата година кога Јувентус ја совлада Барса со 3:0.
„И понатаму не можам да верувам дека тој удар не заврши во мрежата. После натпреварот го прашав Тер Штеген како успеа да ја види топката помеѓу толку нозе и на крајот да успее да реагира“, изјави Дибала.
Иначе Тер Штеген беше еден од најдобрите фудбалери на Барселона оваа сезона прими само пет погодоци, додека од последните 24 удари кон неговиот гол одбрани дури 23.