Дома Фудбал Италија Дибала: Алегри и Мурињо се слични, но поблизок сум со Жозе

Дибала: Алегри и Мурињо се слични, но поблизок сум со Жозе

Пауло Дибала ова лето се пресели во Рома и изгледа дека направи вистински потег бидејќи игра одлично под палката на Мурињо.

Аргентинецот направи споредба помеѓу Мурињо и Алегри и призна дека е поблизок со Португалецот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Мурињо и Алегри се многу слични во некој поглед, но и толку различни во некои други страни. Ќе бидам искрен, имам многу поблизок однос со Мурињо, зборуваме многу почесто и ги разменуваме идеите“, изјави Дибала, кој сепак призна дека многу напредувал под палката на Алегри.

„Во фудбалот секој треба да ги споделува своите идеи, така беше меѓу мене и Алегри и секогаш го дававме најдоброто за Јувентус. Алегри е еден од тренерите кои ми помогнал најмногу да се развијам низ годините во Јувентус. Знам дека на социјалните медиуми некој односот ќе го оценат како контроверзен, но дефинитивно не е така“, додаде Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јуве заинтересиран за напаѓачот на ПСЖ

Јувентус и Пари Сен Жермен сѐ уште преговараат околу потенцијалниот трансфер на Рандал Кол…