Дома Топ вести Ди Марија се сели во Серија А

Ди Марија се сели во Серија А

Анхел ди Марија има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, но најверојатно нема да ја продолжи соработката со „светците“.

Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ нема намера да му понуди нов договор на 33-годишниот Аргентинец и му порачал дека може да си бара нов клуб.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Неговиот агент Жорге Мендеш го понудил Аргентинецот на италијанските гиганти Милан и Наполи, пренесуваат медиумите на Апенините.

„Росонерите“ бараат засилување за десната крилна позиција, но се уште не дале конечен одговор за негов ангажман.

Од друга страна Наполи е силно заинтересиран и во Ди Марија гледа замена за Инсиње, но проблем може да биде високата плата на Аргентинецот.

Во секој случај „Екип“ тврди дека Ди Марија од лето сигурно ќе се пресели во Серија А, останува да видиме во кој од овие два клуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул го сака дефанзивецот на Јувентус

Ливерпул е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, пренесуваат ме…