Дома Фудбал Останато Ди Марија има психички проблеми

Ди Марија има психички проблеми

Карантинот и изолацијата поради пандемијата од коронавирус не ги поднесе добро аргентинскиот фудбалер Анхел ди Марија.

Имено, крилниот напаѓач на Пари Сент Жермен веќе некое време покажува знаци на депресија и анксиозност.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесува „Паризиен“, Ди Марија во текот на забраната за движење имал проблем со спиењето. Причината за тоа е наглото прекинување на сезоната и немањето било какви обврски.

Симотомите на депресија и анксиозност ја загрижиле неговата фамилија, а неговата сопруга вели дека тој понекогаш се однесува „како зомби“.

Ди Марија се согласил да добива стручна помош, па се надеваме дека наскоро ќе ги реши психичките проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мадуеке како дефанзивец на Лестер: Го спречи Палмер да погоди на празен гол! 🎥

Екипата на Челси денеска игра натпревар против Лестер во Премиер лигата, а по десетина мин…