Дома Фудбал Останато Ди Марија: Во Белград не можевме да спиеме поради огнометот

Ди Марија: Во Белград не можевме да спиеме поради огнометот

Eкипата на Бенфика со победа се враќа од Белград каде што славеше победа од 2:1, но до победата португалскиот тим не дојде лесно.

Првата ѕвезда во тимот на Бенфика, Анхелл Ди Марија откри и дека фановите на белградскиот тим им правеле проблеми пред хотелот.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Добро знаевме дека ќе биде тешко. Во текот на ноќта не можевме да спиеме од огнометот, но на крајот одигравме одлично и дојдовме до победата. Очекувавме да бидеме под притисок и добро се носевме. Среќни сме што победивме, меѓутоа навивачите се најважни. Сакам да продолжиме во ваков стил до крајот на сезоната, па ќе видиме што ќе се случува“, изјави Ди Марија.

Бенфика во натпреварот имаше водство од 2:0 по првиот дел, а Звезда во финишот постигна гол за 2:1, но создаде и уште неколку добри прилики.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алонсо од лето го презема Реал Мадрид

Чаби Алонсо минатата сезона направи „чудо“ со Баер Леверкузен и ова лето беше на мета на м…