Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, го посочил Н’Голо Канте како една од главните цели за засилување во средниот ред, пишува „Дејли Мејл“.
31-годишникот е познат како еден од најдобрите фудбалери на својата позиција и сигурно би бил значајно засилување во овој тежок период за „црвените ѓаволи“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Французинот е во Англија од 2015 година. Тој експлодираше во дресот на Лестер со кој на изненадување на сите ја освои и Премиер лигата. Во Челзи пристигна пред шест години за 50 милиони евра. На „Стенфрод Бриџ“ стана еден од главните играчи во тимот и еден од најзаслужните за освојувањето на минатогодишната Лига на шампиони.
Сезонава исто така играше стандардно со што собра 40 настапи во сите натпреварувања. Успеа да постигне и два гола и да додаде четири асистенции.