Дома Топ вести „Детето на Вардар“ потпиша за Гвангжу 🎥

„Детето на Вардар“ потпиша за Гвангжу 🎥

Поранешиот фудбалер на Вардар Јасир Асани кој беше дел и од младинската школа на црвено-црните, а потоа дојде и до првиот тим сега стана нов фудбалер на Гвангжу од Јужна Кореја.

Договорот Асани го потпиша пред десетина дена, а потоа се чекаше да се средат деталите околу визата. Во редовите на овој тим Асани пристигнува од унгарската Кишварда.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Покрај Вардар тој го носеше дресот уште на Шкупо, Победа, Партизани, АИК Стокхолм…

Иако во минатото настапуваше во младинските репрезентации на Македонија сепак подоцна се реши да настапува за репрезентацијата на Албанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…