Дома Фудбал Италија Детали од тунелот: Лукаку до Ибрахимовиќ – ќе ти пукам во глава!

Детали од тунелот: Лукаку до Ибрахимовиќ – ќе ти пукам во глава!

Ромелу Лукаку тотално ги изгуби нервите после провокациите на Златан Ибрахимовиќ во натпреварот од Купот помеѓу Милан и Интер.

Се започна во казнетиот простор после еден корнер, а Ибра како Ибра сака да провоцира. Така беше и овој пат. Откако си разменија навреди, дојде и до нивни физички контакт. Лукаку беше навистина бесен и навистина беше тешко да се задржи да не направи поголем инцидент. Беше упорен и сакаше да дојде до Ибрахимовиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сега италијанските медиуми објавија детали од тунелот, Лукаку дури упатил и сериозни закани.

„Сакаш да зборуваш за мојата мајка? Ќе ти пукам во глава!“, му се обратил Лукаку на Златан во тунелот.

Кога започна второто полувреме се изгледаше нормално, меѓутоа Ибрахимовиќ заработи втор жолт картон поради еден старт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…