Доколку некој изминатото лето ве прашаше дали е тешко да се купи Кристиано Роналдо сигурно би му одговориле „секако“, можеби и невозможно. Сепак Јувентус успеа во таа намера.
Спортскиот директор Јувентус, Фабио Партичи сега ја објаснува акцијата и порача дека тоа било лесно.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Со Кристиано се беше лесно бидејќи тој веќе имаше идеја да дојде во Јувентус. Немаше потреба да го убедуваме. Ммислам дека после финалето во Лигата на шампионите донесе одука. Ни кажа дека ако испратиме понуда ќе не избере нас“, изјави Партичи, потоа го објасни текот на преговорите.
„Кога се сретнавме со Мендеш да преговараме Кансело ми кажа: Нема да веруваш, но Кристиано сака да премине во Јувентус. Му одговорив дека му верувам, но дека ќе оди тешко. Во наредните денови ги планиравме чекорите околу неговото доведување. Ањели ми кажа дека му е потребно ден или два да размисли, но ме побара после само три часа“, откри Партичи.
Понатаму е јасно што се случи…