Дома Топ вести Детали од трансферот на Иниеста: 81+36 милиони евра!

Детали од трансферот на Иниеста: 81+36 милиони евра!

Иконата на Барселона, Андрес Иниеста (33) на крајот од сезоната ќе ја заврши својата 22 годишна кариера во Барселона и ќе ја продолжи во Кина.

Шпанските медиуми сега успеаа да дојдат до детали од договорот на Иниеста и со сигурност можеме да кажеме дека ова еден од најневообичаените трансфери во фудбалот.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Имено, нареден клуб на Иниеста ќе биде Чонгинг Дангадаи Лифан.

Иниеста ќе потпише договор на три години, а за секоја ќе добие по 27 милиони евра, што е 81 милион вкупно.

Но, тоа не е се бидејќи Иниеста со овој трансфер ја договори и најголемата зделка за својата винарија од кога истата постои. Договорено е клубот за кој потпишува да откупи шест милиони шишиња вино по цена од шест евра што значи дека на целата сума Иниеста ќе додаде и 36 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…