Дома Топ вести Детали од состанокот помеѓу Бартомеу и Жорге Меси

Детали од состанокот помеѓу Бартомеу и Жорге Меси

Таткото на Лионел Меси вчера допатува во Барселона на разговори со каталонскиот клуб.

Како што е веќе познато Меси минатата недела испрати барање до клубот за раскинување на договорот. Но клубот одбива да го пушти на таков начин и бара за Меси да се активира клазулата од 700 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најголем интерес за Меси покажа Манчестер Сити, но јасно е дека тие или било кој друг нема да платат толкава сума. Меси имал клазула во договорот дека ова лето може да замине бесплатно, но таа како што тврди Барселона истекла пред еден месец.

Меси не се појави на почетокот на припремите и така порача дека повеќе не се чувствува како играч на Барселона, а неговиот татко стигна на состанок со Бартомеу.

Жорге е застпаник на својот син и одлучи да го превземе кормилото. Како што пишуваат многу шпански медиуми вчерашниот состанок помеѓу Бартомеу и Меси не поминал како што Аргентинецот се надевал.

Имено, „Мундо Депортиво“ објави дека Барселона не сака никаква флексибилност кога во прашање е цената на Меси и одбиваат да преговараат за заминување на друг начин освен со плаќање на клазулата.

Дел од медиумите по состанокот пишуваат и дека може да се случи Меси да остане оваа сезона член на Барселона, а по завршувањето на истата како слободен играч да го напушти клубот бидејќи договорот му истекува наредното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Реал размислува да го врати Каземиро

Реал Мадрид би можел да направи прилично изненадувачки потег на трансфер пазарот и да го в…