Воопшто не налекуваше ова градско дерби на Манчестер како претходното оваа сезона на „Етихад“ кога „граѓаните“ славеа со 6:3. Денес „црвените ѓаволи“ на свој терен запишаа триумф од 2:1.
На стартот од натпреварот Манчестер Јунајтед беше подобриот тим на теренот, се создаваа шанси пред голот на Едерсон, но реализација немаше. На пауза така се замина без голови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сликата во второто полувреме се промени, Манчестер Сити започна да има иницијатива, меѓутоа без посериозни шанси. Сепак тимот на Пеп успеа прв да стигне до водство и тоа во 60. минута преку Џек Грилиш кој погоди на асистенција на Де Брујн.
Бруно Фернандеш во 78. минута носи изедначување, а само четири минути подоцна Маркус Рашфорд ја продолжи одличната голгетерска серија и погодува за целосен пресврт.
До крајот на натпреварот Јунајтед успеа да го задржи водството и да освои важни три бода. На табелата сега Јунајтед доаѓа на само еден бод од Манчестер Сити кој на втората позиција има 39 бода. Лидер е Арсенал со 44, „топџиите“ утре ги очекува градското дерби со Тотенхем.