Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез би можел да се врати во Шпанија бидејќи за него силен интерес покажуваат Атлетико Мадрид и Валенсија.
Санчез остана во втор план на „Олд Трафорд“ и после промената на тренерот, па сериозно размислува да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите тврдат дека Јунајтед нема да му стои на патот и дека нема да бара големо обештетување, бидејќи сака да се ослободи од неговата висока плата.
Токму тоа е и најголемиот проблем при трансферот, бидејќи Чилеанецот не сака да ги намали своите примања, а ниту еден друг клуб не е спремен да му плаќа 15 милиони евра по сезона.
Сепак, Санчез би можел да се врати во Шпанија оваа зима и тоа како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.