Младинскиот репрезентативец Давид Денковски потпиша нов тригодишен договор со Брегалница.
Од Брегалница порачаа дека и покрај тоа што сакаат да имаат квалитетни и докажани фудалери, не се откажуваат и од инвестициите во младите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не отстапуваме од долгорочниот проект на инвестиции во младите фудбалери. Затоа и ги имаме долгорочните договори со најголемите нашите таленти кои можат да бидат и иднина на македонскиот фудбал“, изјави Никола Тонев, спортски директор на Брегалница.
Брегалница претходно ги доведе Даниел Мојсов и Хрватот Антонио Азиновиќ.