Осман Дембеле полека започнува да ја подобрува формата и да игра на ниво какво и што се очекува.
Но и во периодот кога Дембеле игра добро прави проблеми со неговата лоша навика да доцни на тренинзите. Последен пат тој задоцни на неделниот тренинг и се појави цели два часа подоцна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона е голем клуб и јасно е дека Дембеле и колку да игра добро, доколку продолжи да не ги почитува клупските правила наскоро и ќе замине.
Според последните информации на шпанските медиуми ова го сфатил и самиот Дембеле.
Клубот за доцнењето го казни парично, а сега се пишува и дека Дембеле во понеделникот одржал говор во соблекувалната пред сите соиграчи во кој побарал да му биде простено. Освен тоа тој ветил дека повеќе нема да му се повтори такво нешто.