Дома Фудбал Англија Деле Али: На шест години бев сексуално злоставуван, на осум „дилав“ дрога

Деле Али: На шест години бев сексуално злоставуван, на осум „дилав“ дрога

Фудбалерот на Евертон, Деле Али зборуваше за „Тhe Overlap“ и откри со кои проблеми се соочувал во последните години (ТУКА), но освен тоа зборуваше и за непознати детали од детството.

Деле Али имал тешко детство во кое уште на осум години морал да „дила“ дрога.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„На шест години сексуално ме злоставуваа, пред да ме испратат во Африка да научам „дисциплина“. Почнав да пушам кога имав седум години, а да „дилам“ дрогам на осум. Еден постар човек ми рече дека никој нема да запре дете со велосипед, па јас се возев со топка, а под неа чував дрога. Кога имав 11 години, поголемо момче од соседството ме закачи на мост“.

Проблемите за поранешниот англиски репрезентативец завршиле кога бил посвоен од како што вели прекрасно семејство.

„Бев посвоен на 12 години и оттогаш чувствував дека сум дел од прекрасно семејство. Не можев да посакам подобри луѓе. Ако Бог би создал луѓе, тоа дефинитивно би биле тие“, изјави Деле Али.

Деле Али некогаш важеше за еден од најголемите англиски таленти, но неговата кариера не се разви во правецот во кој фудбалската јавност очекуваше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…