Jувентус вчера на два пати имаше негатива во дербито против Рома, сепак на крајот „старата дама“ и со играч помалку успеа да стигне до бод на „Олимпико“ (2:2).
Роналдо со двата гола спречи да видиме прв пораз на Андреа Пирло во тренерската кариера. Јувентус и по 9-те Скудета во низа и оваа е главен фаворит, но поголемиот дел од јавноста смета дека сезонава работите се променети, односно дека црно-белите ќе имаат многу поголема конкуренција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарната „10-ка“ на Јувентус Алесандро Дел Пиеро смета дека сериозни кандидати за „Скудетото“ покрај Јувентус ќе бидат Интер и Аталанта.
„За мене Интер и Аталанта се сериозни кандидати за Скудетото“, изјави Дел Пиеро па го образложи својот став.
„Аталанта игра добро неколку сезони наназад и веќе созреа доволно. Минатата сезона со ремито во Торино покажаа што можат. Лацио има квалитети, меѓутоа ќе им биде тешко сезонава затоа што ги чекаат натпревари и во ЛШ каде што не играле долго време. Интер секако е кандидат видовме какви пет замени направи Конте против Фиорентина, замените го решија натпреварот. Тоа значи дека имаат одлична клупа“, смета Дел Пиеро.