Maрио Манџукич во зимскиот преоден рок го напушти Јувентус и направи трансфер во катарскиот Ал Дуахил и тоа голем дел од навивачите на „старата дама“ го оценија како погрешен потег.
Хрватскиот напаѓач од летото 2015 година го носеше дресот на Јувентус и стана миленик на навивачите, но со доаѓаето на Сари на местото на Алегри статусот на 34 годишниот фудбалер се промени.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Таа одлука на клупското раководство не е јасна и за легендарниот фудбалер на Јувентус, Алесандро Дел Пиеро.
„Јас да бев во клубот ќе го задржев Манџукиќ засекогаш во Јувентус. Поради она што го направи за клубот и поради начинот на кој играше за клубот. Јувентус во својот тим нема друг играч како него“, изјави Дел Пиеро.
Јувентус вечерва ја продолжува Серија А после три месеци и ќе гостува кај Болоња, а во овој натпревар Сари не ќе може да смета на Гонзало Игуаин кој е повреден.