Дома Фудбал Деко за Вилијамс: Имавме доволно опции на таа позиција

Деко за Вилијамс: Имавме доволно опции на таа позиција

Сагата меѓу Барселона и Нико Вилијамс траеше речиси цело лето. На крајот, еден од најдобрите играчи на Европското првенство во Германија реши да остане во Билбао, а по тој повод зборуваше спортскиот директор на Барселона, Деко.

Поранешниот фудбалер, а денешен функционер, не очајува што Барса не потпиша со талентираниот крилен играч.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


„Не го потпишавме, бидејќи на таа позиција ги имаме Рафиња, Феран, Ансу, Ламин, со Фермин и Олмо кои можат да помогнат“, рече Деко и додаде:

„Дани Олмо ни носи многу повеќе опции отколку ако потпишеме со друг крилен напаѓач“.

Вилијамс долго време беше желба на Барселона, но двата клуба не можеа да се договорат, па помладиот од браќата Вилијамс остана во Баскија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убедливи победи на Јувентус и Астон Вила🎥

Новата сезона во Лигата на шампиони започна со убедливи победи на Јувентус и Астон Вила пр…